Пантера Тим Азија изрази интерес за влез во Ф1

Бенџамин Дуранд, тимски шеф и еден од основачите на Пантера Тим Азија, потврди дека екипата изразила интерес и е во постапка на доставување на сите документи до ФИА за влез во Формула 1.

Во Јануари Дуранд потврди дека цели да го однесе својот тим во Формула 1.

сметаме дека азискиот пазар и кинескиот пазар се следните големи пазари во развој. сите гледаат кон запад, никој не гледа кон исток. сега формула 1 е насочена многу кон америка што е нормално затоа што пазарот таму расне, но потоа ќе дојдат азија и африка особено со гуанју жу во првенството.

нашиот проект е како луда железница, можевме многу пати да се откажеме сега, но верувавме во она што го работиме – посочи дуранд.

Од тимот посочија дека се во постапка на официјализирање на нивната желба да станат дела од гридот и официјално да ги достават сите документи до ФИА.

Џенерал Мотор преку својот бренд Кадилак ќе соработуваат со Андрети за да влезат на гридот и се најголеми фаворити да стигнат на гридот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ