Пантера Тим Азија сеуште заинтересирани за влез во Ф1

Пантера Тим Азија е во постојан контакт со Формула 1, според нивниот тимски шеф и ко-основач. 

И покрај потешкотиите кои ги создаде пандемијата од Корона вирусот, како и одложувањето на сезоната, тимот вели дека сеуште се заинтересирани за влез во спортот. Ограничување на буџетот се воведува од следната сезона, а Бенџамин Дуран верува дека тоа ја прави Формула 1 уште поинтересна за тимовите. 

Се што се движи во насока на намалување на трошоците е позитивно. Одлуката која е донесена и понатамошните намалувања само промовираат стабилност на првенството, што е силна порака за инвеститорите. Ова ја обезбедува иднината на Формула 1 во овие тешки времиња.

Сите тие мерки се значителни подобрувања, а со нашиот бизнис модел, делот со достапни делови може само да ја подобри ситуацијата. Достигнување на сегашните тимови од технички аспект ќе биде тешко, но ќе се фокусираме кон поконкурентни елементи, а ќе заштедиме на некритични делови.

ФИА и Формула 1 воведоа стандардизација на некои делови, а движење во таа насока ќе дозволи поголеми заштеди.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ