Пенске не очекува Ф1 да се врати на Инди

Роџер Пенске изјави дека не очекува организација на Формула 1 Гранд При трка на Индианаполис во скоро време. 

Пенске е сопственик на патеката од пред две години и повторно се најде повикан околу организирање на Формула 1 трка таму. Американското Гранд При се одржуваше на Индијанаполис од 2000 до 2007 година каде Ферари победи на шест од осум трки. Во 2005 година беше одржана контроверзната трка во која седум тимови се повлекоа поради загриженост за гумите. 

Не гледам како Формула 1 да се врати наскоро. Доколку има опција за нас, би ја разгледале, но нема сериозни дискусии во моментов. 

Пенске призна дека имале дискусии со Стефано Доменикали на таа тема. 

Зборувавме со него дека сакаме да организираме гранд при трка, но се е до економијата. Треба да сме стабилни за да инвестираме. Не е само да се најде спонзор туку ни треба целиот пакет. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ