Пенске сака враќање на Ф1 на Индианаполис

Новиот сопственик на легендарниот автодром Индианаполис, Розер Пенске, сака враќање на иконската патека на Формула 1 календарот во иднина.

Врвната моторспорт тркачка серија во моментов работи да го смести Мајами во календарот како втора трка во САД, но тоа оди тешко затоа што во најголемиот град на Флорида има опозиција која жестоко се противи на тоа.

Кон крајот на минатата година Пенски “во пакет“ го купи автодромот домаќин на славната Инди 500 трка како и целата Индикар серија.

се зголемија апетитите на пенске. сака формула 1 и спортски автомобили назад на автодромот, но сеуште немал преговори со никого – изјави џина фрајер, американски тркачки новинар.

Легендарната патека од 2000 го 2007 година беше домаќин на Формула 1 трка, а патеката вклучуваше и дел од легендарниот закосен овал.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ