Перман уверува: Нашиот болид нема да биде силен само во Монако

Спортскиот шеф на Алпин, Алан Перман, посочи дека овогодинешниот А523 модел на тимот не е посебно прилагоден само на Монако и нема да биде брз само на трката низ Кнежевството.

Минатиот викенд беше најдобра трка сезонава за француската фабричка екипа откако Естебан Око им донесе подиум кој беше надополнет со фактот што и Пјер Гасли зврши во поени. Перман посочи дека последните новини кои биле воведен иво Монако им помогнале да бидат силни, но не криеше и дека назадувањето поради казната на Леклер придонело за резултатот.

Запрашан за очекувањата од претсојното Шпанско Гранд При, Перман посочи дека очекува болидот да биде силен како и во Монако.

слично на монако, да бидам искрен затоа што нашиот болид не е добар само во монако. новините кои ги планиравме за имола ги монтиравме во монте карло и се работеше како што треба. очекувам да бидеме пред мерцедес и да бидеме до ферари на следната трка. а ќе биде тешко да се стигне и фернандо алонсо, но не гледам причина зошто да не се тркаме против мерцедес и ферари како во мајами и онако. беа побрзи од нас, но се тркавме.

Сепак, тој призна дека тимот не очекувал да биде така силен во Монако.

искрено не очекуваве. ако се вратиме на последната бавна патека со бавни кривини, тоа беше баку, беше кошмарно за нас. почнавме лошо и не сакаме да се потсетуваме како завшивме иако знаевме дека болидот беше пристоен.

во мелбурн потоа бевме добри, во џеда исто така не беше лошо, но мајами беше многу подобро. не очекувавме подиум од монако, но по квалификациите секако дека се надевавме на такво нешто.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ