Пет најсериозни кандидати за местото на Фетел

Астона Мартин треба да си најдат возач за следната година откако четирикратниот првак, Себастјан Фетел, објави дека ја напушта тркачката серија по крајот на оваа сезона.

Периодов возачот и тимот беа во преговори за продолжување на соработката во иднина, но германецот решил да се посвети на други работи. Мајк Крак неодамна откри дека тимот нема план Б кога се во прашање возачите, така што сигурно во Силверстон веќе се размислува на алтернативите и колега на Ленс Строл.

Тешко кој може да го замени Себ, а Ленс ни од далеку не може да биде лидер на тимот, поради што дебитант не би требало да доаѓа во предвид. Тимот нема младински возачи, единствено го имаат Нико Хулкенберг како вентуална замена.

Во продолжение листата на евентуални наследници на Себ.

Фернандо Алонсо

Ова ќе реши голем проблем како за Астон така и за Алпин. Астон ќе добие искусен возач кој ќе го притиска тимот да напредне уште од самиот почеток, а има и педигре со огромни постигнувања, слично како Себастијан.

Алпин ќе може слободно да го внесат својот штитеник Оскар Пиастри во Формула 1 како колега на Естебан Окон откако периодов најавија дека ќе разгледуваат позајмица за него.

Проблем е што за Нандо премин од Алпин во Астон веројатно ќе значи назадување на перформанси, но зелениот тим има огромни амбиции.

Даниел Рикардо

Трансфер на Даниел од Мекларен исто так мож да изгледа како можно сенарио поради фактот што “портокаловите“ не се ни од далеку задоволни од тоа што тој го носи во тимот.

Австралјанецот има огромно искуство и успех во минатото, а Астон повторно би добиле возач кој најдоброто го има покажано, така што секако Алонсо е подобра опција.

Рикардо победи со Мекларен во монца лани, а комерцијално со својот карактер секако дека е многу маркетибилен возач. Дополнително, во Вокинг имаат неколку Индикар возачи со страшни перформанси кои сакаат да ги донесат во Формула 1.

Пјер Гасли

Французинот само ја чека својата шанса во подобра екипа, а ова може да се покаже како вистинска опција за него.

Пјер сака одново да ја започне својата кариера откако беше уназаден од Ред Бул во АлфаТаури, секако, поради тоа што не успе да ги испорача перформансит кои се очекуваа од него. Перез се смест иво Милтон Кинс и веќе доби двегодишно продолжување на договорот до крајот на 2024 година.

Гасли може да биде одличен за Астон, но ослободување од договорниет обврски кон Ред Бул веројатно ќе биде најтешко.

Валтери Ботас

Финецот ужива откако си отиде од Мерцедес и на некој начин соршено одговара за во Астон со свото технички знаење и разбирање на се што Астон зема од Мерцедес како дел. Но, Валтери одлично се вклопи во Алфа Ромео, сакан е и се се врти околу него, така што му треба голема причина за да се откаже од тоа.

Но, на долг рок, Алфа Ромео го постигна максимумот, така што Астон Мартин имаат поголеми шанси за успех.

Мик Шумахер

Иако дебитантите се лоша опција за тимот, Мик веќе ќе има две години Формула 1 зад себе и не е дебитант. Тој е огромен пријател на Фетел и секако дека ќе биде препорачан ако во тимот бараат мислење од Себастијан за негов наследник. Со такво познато презиме, секој би го посакал во тимот.

Проблемот е дека Мик сеуште не е лидер и не може да го испорача тоа што астон го добиваа од Фетел, а секако дека ќе се бара и од Ферари да го ослободи од обврските, за што италијанците немаат никаква причина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ