Пирели ги потврдија гумите за Спа, Зандворт и Монца

Пирели го потврди изборот за гуми за следните три трки кои следуваат по летната пауза.

Производителот, како и сите екипи, е на летна пауза во Август, така што сега се потврдени компонентите за Белгиското Гранд При на легендарната Спа Франкошамп, неверојатно популарниот настан на холандски Зандворт и легендарната трка на храмот на брзината во Монца.

За Белгија ќе се користи истиот избор како и во Франција и Унгарија, односно средината од гамата на Пирели, Ц2 како хард, Ц3 како медиум и Ц4 како софт.

Втората трка на Зандворт на почетокот на Септември ќе биде одработена со ниво потврди гуми во однос на Белгија, најмногу поради закосената кривина, односно ќе се користи најтврдата гама и тоа Ц1 како хард, Ц2 како медиум и Ц3 како софт. Ваков избор на гуми имаше на Британското Гранд При, а само уште Шпанија и Бахреин ја имаа најтврдата Ц1 во понудата.

За последната трка од европскиот дел на сезоната, Италијанското Гранд При во Монца, Пирели повторно се реши за средните гуми од гамата и тоа Ц2, Ц3 и Ц4.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ