Пирели предвидува трка со една промена на гуми

Италијанскиот снабдувач со гуми во Формула 1, Пирели, најави Белгиско Гранд При каде една промена на гуми е најбрза стратегија за комплетирање на трката.

Најбрза стратегија за комплетирање на предвидените 44 кругови по Спа Франкошамп е ако се стартува на софт и да се промени на медиум за втората серија, а промената би се случила од 16от до 22от круг од трката.

Втора најбрза стратегија е почеток на софт и потоа две серии на медиум, прва промена да се случи од 11от до 18от круг, а втора од 25от до 34от круг на трката.

Можно е да се почне на софт, исто како и при најбрзата стратегија, но втората серија да се комплетира на најтврдата компонента.

Најбавно е да се почне на медиум и во периодот од 18от до 24от круг да се смени на белата компонента.

Expected Strategies SPA.jpg

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ