Приходите на Ф1 пораснале за 6%

Формула 1 генерирала приход од 381 милиони доларии за Либерти Медија што е 6% раст во однос на минатата година. 

Оперативниот приход е малку намален, поточно за 3 милиони долари, од 19 на 16 милиони долари поради растот на трошоците од 4 милиони долари. 

Формула 1 сезоната имаше фантастичен старт со одлични трки оваа година. Во Австралија имаше 445,000 фанови, а поголемиот дел од трките се распродадени. Нашата платформа расте и привлекува интерес – изјави Доменикали

Тимовите платиле 112 милиони долари во првиот квартал на 2023 година што е раст од 12% во однос на лани истиот период. Сега се подготвува и трката во Вегас која Формула 1 ќе ја чини 6 милиони долари само за планирање на настанот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ