Позитивни КОВИД-19 тестови на тестот на Рено во Шпанија

Фернандо Алонсо тестираше РС20 болид на Рено крај Барселона со корисење на ден за снимање од страна на екипата, а како подготовка за она што следува следната година.

Сепак, медиумите пренесуваат дека дел од персоналот на Рено кој бил присутен на тестирањето и го одработувал тестот, бил позитивен на корона вирус

Двајца членови на Рено кои работеле во група од шесторица биле изолирани како мерка на претпазливост во хотелот и не патувале на патеката утрото во пресрет на тестот. Нема информаии дека француската фабричка екипа ги прекршила протоколите, а ниту еден од членовите на екипата не бил во контакт со некој од менаментот во хиерархијата на Рено.

Рено се четврта екипа со позитивен корона случај откако Мекалрен имаа позитивени членови уште на отворањето на сезоната за време на откажаната трка во Мелбурн, Рејсинг Поинт го имаше позитивниот Чеко Перез во Британија, а Мерцедес имаше позитивни тестови во Германија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ