Помалите тимови ќе страдаат со промените на подот

Помалите тимови нема да можат да продолжат со актуелната шасија доколку се направат радикални промени на подот кои ги најавува ФИА за следната година. 

Според очеквањата, не треба да има промени на правилата и малите тимови сакаат да продолжат со користење на делови од оваа сезона и во наредната. Но, ФИА најави промена во страничните делови на подот и поради тоа ќе мора да се дизајнира нова шасија. Во моментов ФИА планира да ги крене страниците на подот за 25 мм, но половина од гридот бара помала промена. 

Новите правила ќе донесат уште поскап развој и малите тимови ќе имаат проблеми. Тоа значи многу работа и трошење за малите тимови кои сакаа да напредуваат и оваа сезона. Кристијан Хорнер го објасни проблемот. 

Мислам дека ќе биде голем проблем за малите екипи и за тоа дали ќе може да реагираат. Мора да се превземат соодветни мерки – посочи шефот на ред бул.

Жиламе Дезотекс од АлфаТаури објасни дека ќе мора целата шасија да се редизајнира. 

Во моментов ги дефинираме параметрите за болидот за наредната сезона, Колку гориво ќе се користи, каков би бил балансот, Но мора да разбереме и какви промени на аеродинамичките правила ќе има, Дали ќе може да си дозволиме да штедиме гориво и како ќе го подесуваме балансот со новите промени. Шасијата треба да е готова за неколку недели.

Доколку треба да се променат страниците на подот, тоа ќе ја намали потисната сила и тоа значи многу. Ќе треба да се промени и суспензијата и да се крене болидот, но нашата суспензија не може е дизајнирана за тоа. Целиот проект е поврзан. Еден параметар менува се. 

Јан Моншо од Алфа Ромео додаде: 

ние сме мал тим и имаме поагресивна стратегија од големите тимови. ВО текот на зимата ќе мора се да преработиме и тоа е доста скапо и ќе го намалиме буџетот за развој во текот на сезоната. Затоа мора да пренесеме некои делови и во новата сезона. видете ги болидите во февруари и ќе видите што е пренесено. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ