Помешани чувства кај возачите на АлфаТаури

Пјер Гасли истакна дека е среќен со исходот од првата трка во 2020 година, но истото не може да се каже за неговиот колга, Даниил Квјат. 

Всушност, беше одлична трка за Гасли. Откако се квалификуваше на 12то место, французинот успеа да ги избегне хаосот кој следеше трката и се пласираше на седмо место.

Мислам дека ако некој ни го доделеше седмото место, веднаш ќе го прифатевме во однос на почетокот на викендот. Знаевме дека ќе имаме предизвик против Рено, Мекларен и Рејсинг Поинт, но успеавме да ги избегнеме проблемите, имавме добри битки и освоивме поени. 

Бевме блиску до откажување. Тимот побара од 10от круг да внимавам поради сопирачките и загревањето. Побарав да извозам уште еден круг, ситуацијата се подобри и завршивме на седмо место – изјави Гасли.

За жал, ситуацијата не беше совршена за АлфаТаури, откако Квјат не успеа да заврши. Русинот беше во топ 10 на 9 кругови до крај, но по судар со Естебан Окон, тој имаше штета на крилото, пукнат пневматик и оштетена суспензија и мораше да се откаже.

Беше разочарувачки ден. Не беше добро од Окон, да бутка луѓе на таков начин, ако сум искрен, но и јас можев да бидам потрпелив, така што, да, разочарувачка трка. До тој момент се беше добро, штета е. За жал, изгубивме шанса за поени – вели Квјат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ