Поради пандемијата, тестот во Барселона ќе биде без публика

Првиот овогодинишен Формула 1 тест кој треба да се одржи на автодромот крај Барселона ќе биде без присуство на гледачи поради ситуацијата со корона вирусот во Шпанија и Каталонија.

Бројот на нови случаи од средината на декември на Иберискиот полуостров е значително зголемен, а дневно се бележат по над 100.000 нови случаи. Автортомот Барселона – Каталуња се надеваше дека првата средба со новите болиди ќе биде токму кај нив, но според холандското издание на motorsport.com, тоа не е можно.

Шпанија неодамна побара од Европската Унија, Ковид-19 повеќе да не биде пандемија тукуепидемиска болест, слично на стандардниот грип, но одтогаш бројот на новозаразени во државата нагло порасна со новиот Омикрон сој.

Веќе е потврдено дека пренос во живо од тестот нема да има, туку само телевизиски ќе бидат емитувани најинтересните моменти од трите денови, почнувајќи од 23 Февруари. Сеуште не е позната судбината на вториот предсезонски тест кој треба да се одржи во Бахреин во однос на присуството на гледачи.

Поради целосно новите правила кои стпауваат на сила годинава, бројот на тест енови е двојно зголемен од ланските три на 6 оваа сезона со цел да се приберат колку што е можно повеќе податоци за новата аеродинамика.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ