Поради смрт на татко му, Петров нема да биде стјуард викендов

Витали Петров се повлекол од улогата на стјуард на Големата награда на Португалија, откако неговиот татко починал денеска. 

Според медиумите, татко му бил убиен близу до неговиот дом во западниот дел на земјата. Трагедијата значи дека Витали, кој требаше за прв пат да се појави како стјуард, нема да биде во можност да ја изврши својата улога и се враќа веднаш во Русија. 

ФИА потврдува дека поради лични причини, стјуардот Петров нема да продолжи да ја врши функцијата во остатокот од викендот. Нашите мисли се со Витали и неговото семејство – гласи соопштението од федерацијата.

ФИА го назначи Бруно Кореиа, кој е возач на безбедносно возило во Форула Е, и ВТЦР како заменик за Петров. 

Назначувањето на Петров предизвика доста контроверзи овој викенд поради неговите изјави и недавањето подршка на Формула 1 во одност на антирасизмот. Но сепак, ФИА остана на одлуката да го задржи Петров како стјуард. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ