Поранешни вработени го кодошат Рејсинг Поинт

Трета трка по ред фабричкиот тим на Рено вложува протест околу делот за ладење на сопирачките на болидот на Рејсинг Поинт, а оваа недела стјуардите на ФИА треба да донесат и одлука околу легалноста на РП20 болидот кој силно потсетува на ланскиот Мерцедес.

Тимот од Силверстон е под голем притисок од зимските тестови во Барселона кога го покажа својот пакет кој многу потсетуваше на Мерцедес В10. Секако дека толку многу копирање не треба да се прави, а Рено беа први кои официјално се бунеа околу тоа, со фокус на делот за ладење на сопирачките кој многу придонесува во перформансите.

Французите намерно го одбраа тој дел затоа што е многу тешко да се копира и поради тоа би бил одличен индикатор за тоа дали Рејсинг Поинт добиле помош од Мерцедес или не, иако тврдат дека располагаат со куп докази дека сами дизајнирале се.

До крајот на минатата година, спорниот дел од системот за сопирање беше слободен за користење помеѓу различни екипи, односно се наоѓаше на позитивната листа, но од почетокот на оваа година, истиот не смее да се користи од повеќе екипи.

Од Рејсинг Поинт велат дека работеле на принципот на обратен инженеринг, односно го реконтрирале болидот на Мерцедес преку слики, иако не демантираат дека користат се од “сребрените“ што е дозволено согласно правилата. На тој начин, спорните делови од сопирачките се дозволени до лани, но годинава треба сами да ги дизајнираат и произведа за да бидат во согласност со правилата.

Прашањето кое го мачи цел падок е до каде е границата на превземање на болид од конкурент затоа што Формула 1 има конструкторски шампионат во кој екипите се натпреваруваат кој ќе дизајнира најдобар болид, а Рејсинг Поинт одбра поинаков пат од она што е сржта на спортот.

Германски Auto, Motor und Sport пишува дека падокот шпекулира оти Рено добиле анонимна информација од поранешен вработен во Рејсинг Поинт кој ја напуштил екипата, но ја оддал делата тајна и исто така се согласил дека ќе сведочи во тужб против својот поранешен работодавец.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ