Последниот мотор на Рено е само 10 “коњи“ зад најсилниот

Тимскиот шеф на Алпин, Отмар Шафнауер, верува дека последниот мотор на Рено заостанува само 10 коњски сили зад најсилните на овогодинешниот грид.

Недостаток на сила од моторот го ограничија напредокот на Алпин минатата сезона, но во фабриката во Вири сопственост на Рено, фокусот го ставија кон посилен мотор, разделување на турбината и компресорот, нешто што за прв пат го направија. Шафнауер ги пофали своите инженери дека одлично одработеле.

сметаме дека направен е голем чекор на страната на моторот и веројатно заостануваме само 10 коњски сили од најдобрите и некаде сме на сердина. во ири брилијантно одработеле, а до нас е да го развиеме остатокот од болидот – посочи шафнауер.

Значајно за силниот мотор на Редно е тоа што од оваа година на сила е замрзнувањето на моторите, така што ќе биде речиси невозможно да се надомести во иднина откако последните спецификации ќе добијат дозвола за користење од ФИА во Септември.

некои работи во однос на моторот сеуште може да се подобрат додека екипата целосно се фокусира на страна на шасијата за во иднина.

Тимот имаше проблеми со своите агрегати на почетокот на сезоната, Фернандо Алонсо имаше проблем со својот мотор во Бахреин и беше вратен во фабриката, но немал некое сериозно оштетување и повторно може да биде возен. Но, агрегатот со кој шпанецот се тркаше во Саудиска Арабија имаше откажување на пумпата за вода која донесе прегревање и откажување.

во бахреин го променивме моторот како мерка на претпазливост и темелно го истестиравме на динамометарот и истиот повторно ќе биде користен. другиот мотор кој го користевме во саудиска арабија и имаше проблем со пумпата за вода не може да с екористи затоа што иако пумпата не е дел од моторот со внатрешно согорување, не смее да се промени, а прегревањето оставило последици.

Нандо имаше проблем и во Мелбурн каде се судри на квалификациите кога притисокот на масло во моторот паднал, што го ставило моторот во безбеден режим на работа и тој влета директно во ограда, но моторот преживал без никакви последици.

проблемот беше заечатувањето на резероарот за масло од каде што истото протече и моторот автоматски влезе во безбеден режим на работа за да се заштеди и дополнително да не се оштети при падот на притисокот. тоа се случи, но направивме промена на делот и се е во ред.

Во врска со моторот на Естебан Окон од Мелбурн, Шафнауер не е загрижен и покрај тоа што французинот добиваше константни поради да го лади агрегатот во текот на трката.

таквите поради ги добиваше поради тоа што беше во воз од болиди кои имаа на располагање дрс и ако беше напред немаше да има никаква потреба за тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ