Потешките болиди годинава ќе бидат двојно посилни

Овогодинешните Формула 1 болиди ќе бидат 43 килограми потешки одошто претходните најмногу за да се зголемат безбендосните стандарди, откри техничкиот шеф на ФИА, Николас Томбазис.

Спортот е пред целосно нова ера на правила оваа година кои се востановуваат со цел да се подобри тркањето и да биде понеизвесно, целта е болидите полесно да се следат и претекнуваат, нешто што беше главен недостаток на претходната генерација.

Сепак, нови тетехнички правила сами по себе носат и можност да се засилат безбедносните мерки. Новите шасии ќе имаат засилена заштита од судари и пожар, но сето тоа ќе биде направено по цена на тежината која ќе биде 43 килограми поголема, а половина од таа тежина отпаѓа на дополнителните безбедносни мерки.

Томбазис појасни дека промените кои треба да бидат во вид на посилни и потешки дизајни, биле тешки за работа затоа што правилата веќе биле договорени пред повеќе од една година.

болидите беа хомологиран помеѓу 2020 и 2021 година таак што не можевме да бараме големи промени кај одредени компоненти. работевме на детали околу системот за гориво и баравме мали промени во зависност од болидот со цел да се направи системот робусен.

нашите анализи покажаа многу тврда страна на болидите и нос кој апсорбира огромен дел од енергијата доколку дојде при судар, одлично избалансиравме. тоа го постигнавме со подебела шасија и подобра заштита на сите структури, така што никоја компонента повеќе не треба да прави проблем.

новата шасија е двојно посилна на страните од претходните шасии – појасни томбазис.

Системот за заштита на главата и вратот (ХАНС) како и хало системот за заштита на целокупниот кокпит, се покажаа неверојатно важна направа во модерната Формула 1 за намалување на повредите на возачите, а и покрај тоа, ФИА воведе засилени тетови за издржливост и за нив.

Екипите ќе мора да минат многу строги тестови пред да дбијат дозвола да се тркаат, тестови наменети да се одреди колку голема штета болидот може да преживее. Тежината е зголемена од 752 на 795 килограми, а статичките тестови за отпор се засилени за 15%.

енергијата која треба да биде апсорбирана е зголемена за околу 80%, а истражуваме како оваа вредност можеме дополнително да ја зголемиме во иднина. притоа, се бориме со еден посебен проблем, доколку носот е дизајниран да биде премногу силен во акумулирање на енергијата во надожна насока, тоа може да предизвика прекршување на болидот странично.

токму порди тоа не можеме да го направиме носот на болидот силен како што сакаме, можеме да постигнеме обратен ефект, поради што прогересивно треба д работиме на сите компоненти.

носот и шасијата за доволно засилени за да бидат компактни еден со друг при директен судар од некаков вид, но мораме да имаме во предвид носот да не биде пресилен и да не пенетрира во другиот болид. двете работи мора да одат “рака под рака“.

со она што го превземавме за 2022 година, ја засилуваме заштитата на двете страни за две скалила.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ