По карамболот во Муџело, возачите со писмо до ФИА

Асоцијациајта на Гранд При возачи (ГПДА) испрати писмо до Директорот за трка во Формула 1, Мајкл Маси, барајќи од него да ја подобри безбедноста по карамболот при рестартот на Тосканското Гранд При пред две недели.

Директорот на ГПДА, Роман Гросжан, откри дека неговиот колега директор, Себастијан Фетел, разговарал со Претседателот на Асоцијацијата, Алекс Вурц и нивниот правен застапник пред да го контактираат Маси.

разговаравме неколку пати со себ, алекс и анастасија на гпда групата на WhatsApp  и напишавме писмо до мајкл маси за да најдеме начин да се подобриме во иднина.

мислам дека рестартовит ево муџело беа согласно правилата, но имаше многу ситници кои донесоа голем судар на крајот и можеби неколку подобрувања ќе помогнат многу.

сакаме да разговараме за да не се повторуваат такви страшни моменти. мислам дека овој пат сите имавме среќа затоа што немаше повредени поради тоа што се беше под голема брзина, а болиди и делови летаа насекаде – опиша гросжан.

Кевин Магнусен, колегата на Гросжан, беше еден од четворицата кои беа елиминирани во сударот и тој бара подобрување на мерките за безбедност при рестартовите.

реагирав на движењето на болидот пред мене кој реагираше на оној пред него, така што сите реагиравме и на крајот некој не можеше соодветно да направи маневар и да избегне по што дојде до несреќата.

мислам дека ќе биде добро да се ревидираат тие рестартови за да се избегне забрзување и повторно кочење, да се осигураме дека никој нема да забрза, тоа е најдобро. не знам кое е најдобро решени, но секако дека мораме да најдеме начин да биде безбедно.

Карлос Саинз од Мекларен беше уште еден возач кој го извлече подебелиот крај од сударот и тој смета дека треба да се дискутира и бара решение, но не јавно.

мислам дека треба многу да научим од сударот во муџело. ние како возачи немаме лесен живот, некои си “играат“ со стартот и ја комплицираат работата на оние позади, тоа дефинитивно мора да се разгледа.

треба да спроведеме анализа заедно со фиа што може да се подобри затоа што сударот беше навистина голем, а можепе да биде и полошо, особено ако се разгледаат снимките. треба да најдеме начи нда го одбегнеме тоа во иднина, но да дискутираме приватно. ни треба буквално секакви идеи за да најдеме најдобро можно решение.

лично јас сакам да го чујам мислењето од сите возачи и да анализираме за да ги надминеме недостатоците во однос на безбедноста и се што може да се подобри. да донесеме заклучоци, да формираме работна група за потенцијални промени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ