По откажувањето на Окон, Абитебул се плашел за Рикардо

Сирил Абитебул откри дека напнатоста во Рено за време на Ајфелското Гранд При бла голема поради стравот за евентуален дефект кај Даниел Рикардо откако претходно поради проблеми со хидрауликата се откажа неговиот колега, Естебан Окон.

Француската фабрика екипа дојде до првиот подиум откако се вратија во спорто со своја екипа во 2016 година, а Рикардо додје до својот прв топ 3 пласман од Монако пред две години.

Сепак, не беше лесна Недела за тимот затоа што инженерите се плашеле околу моторот на Рикардо и повторување на дефектот кој го снајде Окон. Дополнително, откажувањето на моторот на Ландо Норис во 42от круг само ја разгореле тензијата.

беше многу долга трка особено од моментот кога загубивме еден болид и како шеф тоа е тешко затоа што имавме проблеми со издржливоста. тоа го зголеми притисокот и тензијата која траеше до крајот затоа што бевме убедени дека можеме да стигнеме до одличен резултат ако немаме проблеми.

условите беа многу тешки за сите болиди, а не сме навикнати на тоа. емоциите беа насекаде, тензијата голема, притисокот константен – појасни абитебул.

Главниот извршен директор на Рено, Лука де Мео, бил присутен на Нирбургринг во Недела, така што немало право на грешка за да му се покаже на шефот дека парите не се залудно потроешни.

времето во кое дојде овој подиум е одлично, но мислам дека подобар е фактот што константно напредуваме. последнтие неколку трки нашиот напредоке видлив, подобро го разбираме болидот и сетирањето и се работи подобро.

бевме загрижени затоа што по подолго време ова беше прва патека која бара толку многу потисна сила, но се испадна одлично. нирбургринг е одлична индикација за нашиот напредок иако ни помогнаа и околностите со откажувањето на ботас.

јасно е дека сеуште не сме доволно добри за да предизвикаме за подиум со чисти перформанси и норални услови, но добро е понекогаш да имаме среќе и да искористиме можност кога ќе ни се укаже.

Тимскиот шеф исто така ја потенираше и одличната работка етика и однос во тимот кој бил развиен во текот на времето помеѓу Рикардо и останатите, нешто што работи одлично и покрај фактот што австралијанецот заминува на крајот од сезоната.

работите помешу даниел и тимот одлично се сложија, тој е удобен во болидот, добро работи со својот инженер кој многу му помага.

нивото на самодоверба се подобри само поради тоа што имаме посилен болид, тој е способен да го постигне тоа што ќе го зацрта. мислам дека болидот е предвидлив и многу поодбар од порано.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ