По откажувањето на Хонда, Рено бараат брза одлука за моторите

Шефот на Рено, Сирил Абитебул, верува дека откажувањето на Хонда од Формула 1 треба да ги поттикне челните луѓе што поскоро да ги објават правилата околу моторите кои ќе важат во иднина.

Согласно регулативата, тековните мотори остануваат да се користат до крајот на 2025 година, додека во тек се дискусии околу тоа во која насока да се продолжи, а Рос Браун неодамна најави дека штом се објават новите правила, ќе се појави интерес и од нови производители.

Абитебул вели дека откажувањето на јапонскиот производител е доказ дека правилата не се добри како што се претпоставувало, поради што новата регулатива за моторите треба да стапи на сила пред планираната 2026 година.

сакам јасно и гласно да кажам дека не сум задоволен од ситуацијата во која хонда заминува и се откажува од спортот. треба да се насочиме кон позитивен развој на формула 1, сакаме спорт со производители на автомобили, со снабдувачи со мотори, а не само три компании да носат мотори во спортот. треба да донесеме заклучоци од оваа ситуација, нешто што фиа како раководител треба многу сериозно да го разгледа.

ситуацијата со моторите каква што е во моментов е неиздржлива особено од економска гледан точка, но секако и технолошки неперспективна. не сум сигурен уште колку можеме да си дозволиме да се тркаме вака. веројатно ќе мораме да го забрзаме воведувањето на нови правила околу моторите за да се подобри ситуацијата.

очекувам новата регулатива да донесе обемни размислувања за следната генерација на мотори кои би ги придвижувале болидите во спортот – објасни абитебул.

Французиноте потенцираше дека согласно сегашните правила спортот не е привлечен за нови производители поради обемните ресурси кои се неопходни да се развие мотор согласно актуелните правила.

влезницата во спортот во однос на трошоците е превисока. дури и ако трошите претерано многу, ќе биде потребно време пред да ги добиете очекуваните резултат, а веќе сме виделе и докази за тоа иако ние како рено сме се подобри.

може да се чувствувате како да стоите на остров и сте задоволни што сте го минале морето, но тоа е неиздржливо на среден и долг рок. мора да има повеќе луѓе на тој остров за да има живот и поради тоа треба да се направи нешто, да се разгледа издржливоста во однос на животната средина како и економската оправданост на моторите.

многу малку е направено по тој аспект, далеку е од доволно и мораме повеќе да се потрудиме. ние направивме обемна работа со шасијата последните неколку месеци, но моторите се тие кои мора да се променат доколку сакаме подобра формула 1.

Сирил се сложува со образложението на Хонда согласно кое јапонцие се повлекуваат од Формула 1 за да се насочат кон електрификација и карбон неутралност во однос на штетните гасови, а иднината на врвната тркачка серија не е доволно уверлива во таа насока.

откажувањето на хонда е само доказ дека не успеавме да спроведеме вистински мерки и вистински маркетинг за сегашните правила околу моторит ешто е многу лошо затоа што нема ништо посовршено во моторспортот од оваа тркачка серија. ништо не е ни приближно блиску до ефикасноста на болидите дури и ако се земат во предвид малите патнички возила.

тоа е само доказ дека лошо не перцепираат и е многу тешко да го промениме тоа. мораме да дадеме се од себе за да дознаеме што сме погрешиле и како да го исправиме тоа. исто така, ако сакаме да направиме промени во сегашните правила или да ги промениме, мораме да го најдеме вистинскиот начин.

Абитебул се сложува дека производителите може да направат многу повеќе за да ја промовираат својата нова технологија.

навистина е тажно што не направивме ништо за промоцијата на сопствената нова технологија и пропуштивме можност да се промовираме со средствата кои ги имаме. инвестиравме со новини, платформи, технолгија, веројатно стотици милиони, кои не се релевантни. ни требаше основен маркетинг за да му покажеме на светот што правиме, а не само да направиме нешто и да се жалиме поради тоа.

кога и да зборуваат за моторите возачит есе жалат, а тоа е ошо затоа што имаме мала можност да зборуваме за овие неверојатни парчиња технологија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ