По петочниот судар, Рикардо “куртули“ од казна

Моторот и шасијата на Даниел Рикардо кои ги оштети а време на сударот на вчерашната тренинг сесија нема потреба да бидат променети и поради тоа тој нема да добие казна во пресрет на трката.

Менувачот му беше заменет, но вграден е оној кој требало д асе користи на трка, кој го користел на Ред Бул Рнг и пред седум денови, но ионака таков бил планот. Австралијанецо успешно ги мина тестовите во болницата во Спилберг така што нема пречка за понатамошниот дел од викендот.

по темелна инспекција на моторот, се изгледа добро. преминуваме на менувачот кој требаше да го користиме на трка, така што нема причиа за загриженост – изјави сирил абитебул, шефот на екипата.

Тој откри дека неговиот возач возел на лимитот, а ветерот од задниот дел на болидот дошол сосема неочекувано.

даниел е добро, тоае најважно иако кога излезе од болидот не изгледаше баш добро и има мала модринка на ногата, но ништо за што треба да се грижиме.

во врска со тоа што се случи, болидот беше на лимитот со цел да извлечеме повеќе перформанси затоа што втората петочна сесија беше сува и можеше да ги одреди квалификациите, а и за генерална проба за нив доколку беа суви.

имавме баланс сетиран кон надуправување, тој имаше надуправување и одеднаш се појави ветер на задното кригло на 9та кривина од патеката, а се изврте на кусиот правец помеѓу таа кривина и следната.

имаме добар болид за оваа патека, но ни недостасвуаат малку перформанси особено на патека каде кривините се многу брзи, а дождот може д направи големи проблеми.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ