Пребогатиот Саудиски фонд ПИФ сака дел од Мекларен

Саудискиот Јавен Инвестициски фонд ПИФ (Public Investment Fund) и глобалната инвестициска компанија Арес Менаџмент, се во напредни рпеговори да купат удел од 400 милиони фнти во Мекларен Груп, иако никоја од страните не сака да ја коментира трансакцијата.

Мекларен Груп го вклучува производителот на супер автомобили Мекларен, како и Меклрен рејсинг кои се тркаат во Формула 1, Индикар и Екстрим Е тркачката серија.

Скај се повикале на банкарски извори кои велат дека Мекларен треба наскоро да го објави прибирањето на свеж капитал од 550 милиони фунти и тоа 400 милиони фунти од ПИФ и Арес, а останатите 150 милиони фунти од актуелните акционери на компанијата.

Суверениот фонд на Бахреин, Мумталакат е најголем акционер во компанијата и поседува 62,55% од акциите, но и тие не беа отворени за никаков коментар. Во Март лани компанијата веќе доби инјекција од 300 милиони фунти од постојните акционери, а во Април ја продадоа својата Централа за 170 милиони фунти и продолжија да ја користат на лизинг.

Американски МСП Спорт Капитал исто така купи малцински удел во Мекларен Рејсинг во Декември лани за 185 милиони фунти.

Приходите од продажба на супер автомобили во првиот квартал изнсуваа 170,5 милиони фунти и тоа е дури 145% повеќе одошто за истиот период лани.

Саудискиот фонд е меѓу најголемите во светот, формиран за да ги инвестира парите на Кралството и управува со актива од 430 милијарди долари. Нивните обиди да го превземат фудбалскиот клуб Њукасл пропаднаа лани.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ