Приходите на Ф1 за вториот квартал КАТАСТРОФАЛНИ

Приходите на Формула 1 за вториот квартал од годината односно периодот од Април до Јуни се драстично намалени од ланските 620 милиони долари на само 24 милиони долари поради тоа што пандемијата го избриша тркачкиот календар, а сезоната почна дури во Јули.

Во истиот период лани, односно до крајот на Јуни веќе беа одржани дури 7 трки, односно точно 1/3 од календрот. Единствениот приход кој Формула 1 го забележа во вториот квартал се спонзорските договори кои не се поврзани со ниту една трка, односно партнерите на тркачката серија. За првиот квартал лани спортот забележа добивка од 14 милиони долари.

Во истиот период ниту една екипа не добила пари од Либерти Медиа поради тоа што таквите плаќана се признаваат на про-рата основа како што се одржуваат трките во календарот. Приходите за третиот квартал од годината се очекува драстично да пораснат поради тоа што ќе има 10 трки во тие три месеци, но истите повторно ќе бидат силно намалување во однос на лани поради празните трибини и “бесплатните“ трки.

Главен приход на Формула 1 годинава ќе бидат парите од телевизиските преноси и спонзорските договори, затоа што спортот му плати на Силверстон да организира две трки, а ситуацијата и со другите патеки не се разликува многу.

Во исто време, поради немање на никакви трки, Либерти немале ниту трошоци, а имплементирани биле и многу мерки за штедење во вториот квартал како елиминирање на несуштинското трошење, намалување на платите и бонусите.

Во исто време Формула 1 ги користеше мерките на Британската Влада согласно кој истата исплаќаше до 50% од платите на вработените во погодените сектори, но трошоците се очекува да се вратат на повообичаено ниво во овој квартал поради враќањето на персоналот на работа, продолжување на сезоната и немање на мерки од Владата.

бевме возбудени што се вративме на тркањето во јули и веќе комплетиравме пет трки во календар кој очекуваме на крајот да брои 15-18 тркачки викенди. во текот на паузата продолживме да го движиме бизнисот кон напред со намален буџет за следната сезона, а објавивме и нови спонзорски и телевизиски договори – објасни чејс кери.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ