Приходот на Ф1 почна да се зголемува

Приходите на Формула 1 започнаа да се зголемуваат во вториот квартал од годината откако првиот дел од сезоната беше под притисок на паднемијата. 

Но сепак, приходите споредено со последната нормална сезона во 2019 година се доста пониски. 

Во 2020 година немаше трки од Април до Јуни и Формула 1 имаше приход од само 24 милиони долари. Таа година за само три месеци имаше седум трки и приходите скокнаа на 501 милион долари. Тоа е доста пониско од 2019 година кога за истиот период беа собрани 620 милиони долари. Во 2020 година, Формула 1 пријави оперативна загуба од 122 милиони долари што е намалена на само 36 милиони оваа година. 

Тимовите не добија никаков приход од Формула 1 во втората четвртина поради тоа што беа затворени. Оваа година тие поделија 308 милиони долари иако во 2019 поделија 335 милиони долари. Се очекува приходот да расне од Јули до Септември поради враќањето на фановите на трките. 

Имаше седум трки во вториот квартал од година споредено истиот период претходната година. Враќањето на фановите се разгледува од владите на секоја трка посебно. Ограничен број на фанови се вратија на досегашните трки. Последното зголемување на бројката на фановите се случи на Австриското Грант При на 4 јули.

Главниот приход на Формула 1 се зголеми од промоцијата на трките, ТВ правата и спонзорствата – изјави Грег Мафеи, извршен директор на Либерти Медиа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ