Проблемите со моторот на Алпин биле поради потскокнувањето

Проблемите со моторот на Алпин од почетокот на оваа сезона биле последица од потскокнувањето на болидот, а не од некакви инженерски и дизајнерски слабости на самиот агрегат.

Францускиот производител покажа силен ритам на почетокот од сезоната, но Алонсо и Окон имаа чести проблеми со моторот. Нандо веќе загуби еден мотор како резултат на откажување на пумпата за вода во Саудиска Арабија, додека судбината на моторот на Окон сеуште не е позната и истиот беше заменет на Имола како мерка на претпазливост.

Главниот извршен директор на Алпин, Лорен Роси, притиска да се најдат перформанси, а не издржливост кај новиот болид, но се чини дека претерале. Во пресрет на Гранд При трката на Емилија Ромања, главниот инженер за нивниот мотор во Вири, откри дека истиот имал дефекти поради преголемото потскокунвање.

Бруно Фамин, кој е извршен директор на фабриката за мотори на Рено во Вири, откри дека ја дознале причината за проблемите годинава.

со новата генерација на болиди и новите шасии со целосно нова аеродинамика, се генерира различно ниво на притисоци над болидот. болидите се многу тврди, многу ниски и сето тоа има огромно влијание над моторот. проблемот што го имавме со моторот со внатрешно согорување беше со одредени негови делови.

самиот мотор со внатрешно согорување е добар, имавме само еден проблем со него, но проблемот се силите и притисоците кои влијаат на деловите кои се од клучно значење за истиот.

во џеда со моторот на фернандо и откажувањто на пумпата за вода, веќе побаравме дозвола од фиа да направиме одредени модифицкации што ни беше одобрено и истите се веќе направени викендов – објасни фамин.

Тој потенцираше дека Рено не е помеѓу производителите кои имаат проблеми со издрливоста на своите агрегати.

сите производители праќаат проблеми со издражливоста до фиа и бараат дозвола да ги решат, така што ние не сме единствени, имавме само мал проблем. но, следуваат неколклу години замрзнување на моторите и немаме никакво друго решение освен да бараме од фиа да прифати одредени модификации и подобрувања на квалитетот, не носење перформанси.

Моторот кој откажа од болидот на Алонсо на Саудиското Гранд При веќе не може да се користи, но првиот агрегат од сезоната кој беше променет како мерка на претпазливост, ќе биде вграден во неговито болид подоцна сезонава. Ситуацијата со моторот на Окон сеуште е непозната.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ