Проблем со болидот донел ужасни квалификации кај Окон

Естебан Окон откри дека ужасните квалификации за домашното Француско Гранд При биле последица од како што го опиша фундаменталниот проблем со неговиот алпин А522.

Тој беше само 17ти на последната сесија пред квалификациите пред 12то место во средниот квалификациски сегмент, но ќе тргне 10ти затоа што Саинз и Магнусен пред него имаат казни.

секако дека сум разочаран од овие квалификации, беа ужасни морам да кажам. не сакавме да завршиме на оваа позиција затоа што сметам дека болидот има потенцијал да биде 6ти или 7ми.

не сме задоволни, се мачие со неконстантен болид од пред неколку трки. бевме последни на третата сесија што е страшно, а во австрија бевме 5ти на утринскиот саботен дел.

не сме онаму каде што сакаме, имаме огромен проблем за поправање, но секако дека го знаеме, сао мораме да најдеме решение – посочи естебан.

Запрашан дали само времео по круг е проблемот или пак имал проблеми додека возел, тој одговори.

чувствувам дека имав многу надуправување на крајот од сесојата и не можев да го доведам во ред задниот дел. моето сетирање е многу слично со она на фернандо и не би требало да имам таков проблем.

новините и се што носиме работи како што треба, но перформансите се како луда железница од пред некоја трка и тоа е мака за нас.

во австрија болидот работеше одлично, но бевме за никаде на силверстон и покрај тоа што завршивме во поени. не немаше никаде во канада, имавме огромно надуправување – потсети окон.

Лани тој имаше проблем со шасијата што го реши со промена на шасија, а не отфрла дека можеби и годинава има сличен проблем.

ќе видиме, но имав такви пробеми во минатото, имав скршени делови кои 2-3 трки не успевавме да ги лоцираме. не смееме да дозволиме нешто слично и сега затоа што се бориме за 4то место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ