Проблем со сертификати за вакцинираните во Бахреин

На почетокот на сезоната во 2021 година, програмата за вакцинација против коронавирусот започна во многу земји.

Во тоа време, персоналот на Формула 1 имаше шанса да се вакцинира против вирусот во Бахреин, но досега вакцинираните се уште не добиле QR код за да го покажат својот сертификат за вакцинација.

Во Март за време тестовите и првото Гранд При на сезоната, кое се одржаа во Бахреин на сите што работеа во падокот на патеката им беше дадена можност да се вакцинираат против вирусот. Поголемиот дел од персоналот одлучи да го стори тоа, но се уште немаат добиено QR код што се чини дека станува се поважен, сега кога земјите го бараат овој код за влез во ресторани или настани на пример.

Ова го објави мексиканскиот огранок на Motorsport.com. Медиумот разговараше со лице со кои биле во падокот во Бахреин.

Тоа е чудна ситуација. Различните национални власти, не само во Италија, активираа автоматска процедура која започнува кога се администрира првата доза.

Државите може да почнат да одбиваат персонал. Ова важи само кога се администрира во земјата на потекло. Постапката за регистрирање на вакцинација од друга земја во сопствената земја се чини дека е потешка отколку што се мислеше.

За среќа за самата Формула 1, се чини дека ова се уште не е проблем, бидејќи спортот се уште работи во рамките на својот таканаречен балон систем. Во втората половина од сезоната, земјите може да почнат да бараат валиден QR код, што може да предизвика проблеми за некои членови на тимот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ