Палмер: Алонсо наскоро ќе ја прекине серијата без победа

Џулион Палмер верува дека одличните перформанси на Астон Мартин може конечно да му донесат на Фернандо Алонсо прекин на низата без победа.

АМР23 од Силверстон изненади многумина од водечките во спортот минатиот викенд во Бахреин откако со зелениот болид Фернандо Алонсо стигна до подиум, а резултатот само ги потврди одличните перформанси кои беа видливи на тестот.

фернандо алонсо цела деценија чека болид со кој ќе може да се трка на врвот во формула 1 и изгледа дека конечно доби аков. астон мартин ги изненадија сите во предсезоната со начинот на кој работеле во текот на зимата.

му требаше долго време на фернандо да најде силен болид, но од тоа што јас го видов, ужива додека вози, не се мачи и тоа е јасно.

додека почне првата трка имаше големо исчекување од луѓето во падокот за да се вида перформансите на екипата, а неутралните љубители на спортот едвај дочекаа трка.

квалификациите покажаа дека имаат дефицит во однос на ред бул, па и на ферари, но во недела имаа одличен ритам и деградација на гумите – вели палмер.

Фернандо имаше драматичен прв круг кога за малку ќе беше жртва на својот колега кој речиси му ја уништи трката удирајќи во него на 4та кривина од првиот круг. Поради тоа шпанецот загуби моментум, назадуваше во поредокот и мораше да надоместува, но за среќа откажа Шарл Леклер и тој дојде во подиум позиција.

доколку фернандо не беше удрен од колегата во првиот круг, можеше да биде и подобар. но, се чини дека убаво е што загуби позиција од мерцедесите затоа што спекакуларно се тркаше со нив, се бореше за подиум, а сигурно немаше да го видиме тоа да немаше судар.

скогаш кога јас се тркав блиску до алонсо, тој секогаш е различен во однос на било кој друг. има неверојатна способност да ја чита ситуацијата, одлично следи се што се случува околу неговиот болид и неколку свиоци однапред прави план. дури и со 41 година неговиот квалитет е очигледен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ