Промените во Алпин продолжуваат: Заминува и Алан Прост

Промените во францускиит фабрички тим на Алпин продолжуваат, а најнова жртва е легендарниоит Алан Прост кој заминува од местото советник во тимот.

Поврзувањето на Прост со Рено почна во 1980-тите години откако возеше за нивната фабричка екипа од 1981 до 1983 година, а актуелното враќање кај нив е од 2015 година откако е Консултант и Амбасадор на тимот. Неизвршен директор на Рено Спорт е од 2019 година, а остана на функцијата и по преименувањето на Формула 1 тимот во Алпин.

Професорот е втора жртва во реструктуираањето на тимот во пресрет на оваа тркачка сезона откако минатата недела од екипата беше отстранет и Извршниот директор, Марцин Будковски. Motorsport пренесува дека Отмар Шафнауер, довчерашниот шеф на Астон Мартин е многу блиску до шефовското место по кое би добил целосна контрола над тимот.

Дополнително, веројатно и поранешниот главен спонзор на Форс Индија и Рејсинг Поинт, БВТ, ќе стане дел од Алпин за оваа тркачка сезона. Тие бе дел и од Астон Мартин, но не во својство на главен спонзор и не во вид на розев болид каква што е нивната тркачка стратегија.

Тимот продолжува со Фернандо Алонсо и Естебан Окон сезоната која претстои, а францускиот возач ќе му биде добро познат на Шафнауер затоа што работеше а него додека се тркаше за Форс Индија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ