Промотерите најавуваат позитивни вести за Франција

Промоетрите на Големата награда на Франција се убедени дека трката нема да исчезне од календарот и очекуваат многу позитивни вести во иднина.

Пол Рикар веќе ги одработе сите договорени трки соглано последно потпишаниот договор со спортот, така што веќе се започнати разговори за продолжување на соработката, иако се посилни се шпекулациите дека на Ле Кастеле нема повеќе да има Гранд При. Заедно со Франција се зборува дека од календарот ќе исчезнат и Монако и Спа, додека Лас Вегас заедно со Саудиска Арабија и Катар ќе добијат свои место.

Либерти Медиа се фокусираат повеќе на улични патекае во големи градски средини, нешто што не им се допаѓа на возачите.

Главниот промотер на настанот во Франција, Кристиан Естроси, најави многу позитивни вести во периодот кој следува.

договорот согласно кој франција имаше право да организира гранд при трки заврши и во тој период покажавме што знаеме. 200 илјади луѓе присуствуваа на трката од петок до недела што е апсолутен рекорд на патеката.

на средина сме од преговорите за нов договор, така што јас не се откажувам. гледам земја која сака гранд при трки, сака вакви величествени и популарни спортски настани. убеден сум дека во пеиродот кој следува ќе имаме многу позитивни вести за формула 1.

Франција имаше своја трка во првата Формула 1 сезона заедно со Британја, Монако, Белгија и Италија, а до 2009 година имаше трка секоја сезона освен 1955 година кога се случи несреќата на Ле Ман кога животот го загубија 83 гледачи. Од 2009 до 2019 годин тие не оранизираа трка, а немаа настан ниту во 2020 година поради пандемијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ