Промотерите од Мексико бараат уште една трка “преку барата“

Главниот промотер на Мексиканското Гранд При, Алехандро Соберон, смета дека уште една трка на американскиот континент би била одлична доколку спортот сака да се шири и во иднина.

Трката на Ерманос Родригез минатиот викенд привлече рекордни 397.000 гледачи во текот на трите денови и со таква посетенос повторно ќе биде една од најдобро посетените трки во сезоната. И покрај експанзијата на спортот во САД и дури трите трки кои ќе се организираат таму догодина, трката во Мексико остаува страшно атрактивна и преполна со фанови. На Американскиот конинент трка има уште воКанада во првиот дел од сезоата, Мајами, Остин и Лас Вегас во САД, Мексико во Средна Америка и Бразил во Јужна.

ние обожаваме конкуренција и тоа е одлично затоа то ве држи подготвени и ве тера константно да работите. три трки во сад беше нешто незамисливо претходно, а денеска е сосема разумно.

мислам дека мајам иќе дожиее страшен успех, видовте колку гледачи имаше во остин, многу повеќе од претходно и испадна одлична трка. очекувањата за лас вегас се преголеми така што убаво е што сите временски зони се опфатени. со канада, трите трки во сад, мексико и бразил, прашање е дали има простор за уште една, а јас верувам дека има. но, не мора да биде во иста временска зона со некоја од постечките, јас би вовел некоја нова – посака Соберон.

Во пресрет на овогодинешното Гранд При, Мексико објави дека потпишале тригодишно продолжување на својот настан, така што трка ќе се организира барем до 2025 година, а Соберон посочи дека при следното продолжување, градот и државата ќе имаат нова власт.

Мексико Сити се врати во календарот во 2015 година во договор кој беше финансиран од федералната влада, но промената на власта значеше дека сета одговорност за трката ја превзема градската упраа. Главниот промотер смета дека државата може да добие поголема национална поддршка затоа што сите се горди со настанот.

сите го сакаат чеко перез и се што тој постигнува во спортот, трката е одлично шоу и начин да се презентира мексико во најдобро светло. постојат се повеќе градови заинтересирани за своја трка во календарот што значи дека треба да бидеме побрзи, да најдеме сојузници со кои имаме заеднички интерес затоа што формула 1 во фантастична позиција денеска.

Следната сезона спортот ќе има рекордни 24 трки, со што ќе се достигне лимитот согласно Конкорд договорот, новина ќе биде Лас Вегас, а се очекува враќање и на Кина и Катар. Тимовите сакаат да бидат присутни во што повеќе земји за да се зголеми пазарот, но поради пробемиот календар, се заговара и ротација.

кога имате трка која секоја година е распродадена и сеоја година продавате влезници побрзо од претходната, тоа е одлично. со таква трка, зошто би влегувале во ротација.

јас сум многу компетитивен, испорачувам одлични приходи за формула 1 како пазар, мексико има одличен успех и силно придонесува, а популацијата го обожава спортот.

некои земји не може да изменаџираат трка, финансирање и се што оди со тоа и за таквите би требало да пости ротација. јас сакам трката да се одржува секоја година како и до сега.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ