Прост: Ако се воведе обратен грид, го напуштам спортот

Формула 1 легендата, Алан Прост, не ја сака идејата за обратен грид до тој степен што се закани дека ќе замине од спортот доколку истиот се воведе.

Либерти Меиа воведуваат новини откако ја превземаа тркачката серија се со цел да го зголемат шоуто. Се пробуваат различни формат со цел да се зачинат случувањата, а се зонава на три трки се воведуваат спринт квалификации како замена за редовните саботни.

Неколку пати се заговараше и за обратен грид, односно стартување на главната трка во обратен редослед од резултатот на кусиот саботен спринт.

Советникот на Алпин и Рено, Професорот Прост, смета дека обратниот грид е спротивно со сржа на спортот и дека во никој случај не треба да се воведе.

одлично е што формула 1 се обидува да донесе новини, но мора да се разбере зошто се сакаат тие новини. спортот мора да остане верен на традицијата и мора да разереме дека најдобриот возач и најдобриот болид мора да победат затоа што се најдобри. тоа е едноставната идеја зад формула 1.

јас сум противник на обратниот грид, таа идеја не ми се допаѓа. ако се воведе такво нешто во формула 1, јас целосно ќе си заминам од серијата, на било кој начин. мислам дека тоа е најлошото што може да и се случи на формула 1 и повеќе би сакал да гледам доминација на една екипа одошто вештачко размирдување на поредокот.

но, јас сум традиционалист. во формула 1 се експериментираше и со поени за пол позиција во одреден период и тогаш јас бев против.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ