Прост: Алонсо е најдобриот возач во Ф1

Фернандо Алонсо после долги 7 години се врати на подиумот овој пат во Катар по 104 трки без топ 3 пласман во врвната моторспорт тркачка серија.

Формула 1 легендата и четирикратен шампион, Алан Прост, кој има посебна улога во Алпин, го пофали дека е најдобар возач на гридот. Шпанецот последен пат беше на подиум со Ферари во 2014 година пред да премине во Мекларен неколку години и подоцна направи двегодишна пауза. 

Со целата почит, делам подиум со Хамилтон и Верстапен – изјави гордо Алонсо. 

Прост по него изјави: 

За мене, тој е најдобриот возач на гридот. Доколку ја погледнеме трката во целост и како ги менаџираше гумите, тој даде многу информации на инженерите. 

Прост призна дека кога Рено одлучиле да го донесат Алонсо во Формула 1 тој бил скептичен. 

Фернандо секогаш ми велеше дека тој е различна личност и се чини дека бил во право. Тој е во служба на тимот и е многу добар за тимот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ