Прост: Алонсо е различен со нова филозофија

Четирикратниот Формула 1 првак и Советник во Рено, Алан Прост, смета дека носењето на Фернандо Алонсо во екипата не е коцка бидејќи шпанецот има целосно нова филозофија. 

Двократниот шампион и победник на 32 Гранд При трки е без сомнение многу талентиран, но кога е надвор од патеката тој има проблеми. Тој потроши една година во Мекларен за време на неговиот прв престој во тимот и наводно го уценувал Рон Денис. Во неговиот втор обид во Вокинг, тој го посрами партнерот Хонда нарекувајќи го нивниот мотор ГП2 мотор. Подоцна јапонците не му дозволија на Алонсо да вози на Инди 500 за екипа која користи нивни мотор.

Откако замина во привремена пензија на крајот на 2018 година, тој беше поврзан со неколку тимови за враќање во тркачката серија, а меѓу нив и Ред Бул.  Шефот на Ред БУл, Кристијан Хорнер, уверува дека тоа не се случило. 

Фернандо сака да прави хаос каде што ќе отиде. Не сум сигурен дека е здраво за тимот – смета хорнер.

Неколку месеци подоцна, Рено најавија дека ќе го донесат Алонсо во тимот. Прост е сигурен дека сите проблеми се надминати, тој разговарал со него и сигурен е дека Алонсо напредувал. 

Тоа што се случи со Фернандо и другите тимови беше мој најголем проблем. Зборував со него неколку пати и му верувам дека има нова филозофија.

Две години надвор од Формула 1 му помогнаа да има различно размислување. ТОј знае што треба за болидот и знаеме дека наредната година ќе биде потешка. ТОј е подготвен и мислам дека другите ќе го разберат. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ