Прост сака традиционална Формула 1

Советникот на Алпин и Формула 1 легенда, Алан Прост, смета дека тркачката серија треба да се адаптира на младата публика, но дополни и дека тоа треба да биде направено на начин за да остане традиционална.

Огромното глобално истражување спроведено годинава посочи дека спортот има се помлада публика, најмногу поради сериата Drive to Survive на Нетфликс. Французинот сфаќа дека спортот мора да се сврти кон помладата генерација, но во исто време посочува дека тркачката серија мора ад остане колку што може повеќе традицинална.

целосно сум против идејата за обратен стартен грид. формула 1 не смее да го прифати тоа дури и да е само за спринтот, не поради луис хамитон што беше фантастичен со стартовите од поседно место на спринтот во бразил, но тоа нема да биде така секогаш и со секој возач. не е тоа така лесно, јас сум повеќе традиционален, а формула 1 треба да остане таква.

мора да признаеме дека имаме се повеќе млади фаноти поради серијата на нетфликс која ни донесе многу публика од помладата генерација, што патем е фантастично. очигледно е дека младите сакаат трка како што видовме годинава, спринтот на кој луис тргна како последен во бразил, но формула 1 мора да остане традиционална.

Французинот исто така е сомничав околу следниот календар со рекордни 23 трки сметајќи дека истиот ќе биде пеколен за персоналот, но и ќе го намали интересот на фановите.

23 трки во една сезона се многу и ќе биде претешко за екипите, за луѓето кои константно ќе патуваат, за механичарите и инженерите кои ќе мора д бидат присутни на сите трки, а патувањата се далечни. сигурен сум дека ќе биде многу, многу тешко.

формула 1 мора да призна дека толку трки се премногу. се сеќавам дека кога имавме три трки по ред лани беше премногу дури и за мене, а јас не сум толку директно вклучен во нив. едноставно, губев интерес затоа што беше пречесто.

мора да се направи компромис помеѓу бројот на трките, бројот на фановите и секако парите што може да се генерираат. ако имате повеќе успех, ќе имате повеќе спонзори и со помалку трки. се чини дека во моментов размислувњата не се такви.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ