Пурчер продолжува со АРТ

Резервата на Алфа Ромео, французинот Тео Пурчер, останува трета сезона за ред во Формула 2 со тимот АРТ. 

19-годишникот минатата сезона ја заврши на втора позиција зад Фелипе Другович победувајќи на три трки и освои уште четири дополнителни подиуми. 

Среќен сум што ќе ја продолжам кариерата за уште една сезона со АРТ во Формула 2. Имаше добри моменти во изминатите три години и важно е да се подготвам со тимот за да бидам во најдобра ситуација. Ни недостасуваше успех минатата сезона, но мислам дека ќе бидеме посилни оваа сезона. Сакам да донесам титула за АРТ. 

АРТ последен пат ја освои титулата во 2018 година со сегашниот возач на Мерцедес, Џорџ Расел. 

Тео е еден најмладите возачи на гридот, но е еден од најзрелите на гридот. Минатата сезона ги знаеше сите детали и мислам дека оваа година ќе има шанса за титулата. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ