Пурчер свесен дека нема шанси за Ф1 наредната година

Францускиот штитеник на Алфа Ромео, Тео Пурчер, е сигурен дека нема да има место на гридот наредната сезона дури и да ја освои Формула 2 титулата.

Членот на академијата на Заубер ќе заврши на втора позиција зад Фелипе Другович, без оглед на фактот што има ушт еедна трка која ќе се вози во Абу Даби овој викенд. 

Да бидам искрен и да ја освојам титулата нема да бидам во Формула 1 наредната сезона. Таков е спортот, Сигурен сум дека сум млад и ќе поработам на себе за да обезбедам место во 2024 година.

Сонот ми е да бидам Формула 1 шампион. Не сум заинтересиран за ништо друго. Доколку не сум во Формула 1 можеби ќе побарам шанса во друга серија – откри французинот.

Пурчер имаше деби во тркачката серија на тренинг во Америкa и наредната година ќе биде резервен возач.

Тренингот беше одличен. Формула 1 болидите се многу брзи, Патеката беше неверојатна. Сакам пак да возам таму затоа што тоа Беше добро за мене. 

Другович ќе ја освои титулата во својот трет обид, додека Ник де Врис ќе вози за АлфаТаури  наредната година. 

Зборувавме за ова во академијата пред неколку дена. Имам опција да бидам во Формула 2. Имаме трки во ист викенд и ги гледаме тимовите. Способен сум да победам и ќе дадам се од себе. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ