Пјастри ќе тестира за Алпин во Абу Даби

Резервистот на Алпин, Оскар Пјастри е последен млад возач кој е формално потврден за тестот во Абу Даби кој ќе се случи следната недела, поточно во Вторник.

На тестот ќе се појават болиди од оваа сезона со овосезонските гуми, но ќе с еработи паралелно со тестот на Пирели кој ќе се вози со посебно подготвени болиди и 18-инчни тркала. Иако немаат сите екипи потврдено возач, листата секојдневно се проширува.

Доста екипи се решија за млади возачи кој работат сезонава за нив во симулаторите за да се направи колку што може подобра корелација во однос на реалноста. Пјастри се очекува следната година да работи интензивно во симулаторот на Алпин без да се трка на друго место, а своето прво појавување во Формула 1 болид од тековната генерација ќе го има другата недела. До сега младиот австралијанец имаше приватни тестови само со постари болиди.

многу сум возбуден што ќе добијам дозвола да возам на тестот за млади возачи. ќе биде мое прво официјален ден бна работното место кое ќе го имам следната година кога ќе бидам резерва во тимот и ќе работам на развојот.

секој ден во формула 1 болид е навистина посебен, но да се биде на патека со други возачи е нешто целосно различно од тестирање и е многу кул. благодарен сум до тимот за можноста и секако дека сум нетрпелив да одработам цела програма – објасни пјастри.

На тестот ќе биде прво појавување на Гуанју Жу во болидот на Алфа Ромео, инаку досегашен Формула 2 и Алпин колега на Пјастри. Ник де Вриес, Формула Е возачот кој возеше за Мерцедес на тестот лани, ќе го направи тоа и оваа година.

Ред Бул ќе им даде можност на младинците Јури Випс во сениорскиот Ред Бул и на Лиан Лосон во АлфаТаури, откако доктор Хелмут Марко потврди дека тие ќе работат ов симулаторот догодина откако Александер Албон ќе мине во Вилијамс.

Индикар возачот Пато О`Вард ќе вози за Мекларен, додека Ферари го потвтрди Антонио Фуоко кој годинава работи во нивниот симулатор. Ник Јелој беше потврден од Астон Мартин. Хаас веќе го потврдија малдинецот на Ферар, Роберт Шварцман.

Вилијамс немаат потврдено возач, а најсериозни кандиидати да одработат за нив се Логан Сарџент и Рој Нисани..

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ