Пјер Гасли ќе вози за Алпин догодина

Францускиот фабрички тим Алпин, официјално го потврди Пјер Гасли во својата екипа како возач и колега на Естебан Окон почнувајќи од следната сезона.

Тандемот ќе формира француско возачко дуо во екипата сопственост на Рено, прв таков двоец од времето на Алан Прост и Рене Арно кои беа дел од екипата во 1982 година.

воодушевен сум што ќе станам дел од семејството на Алпин и ќе почнам ново поглавје во мојата формула 1 кариера. возење за тим со француски корени е навистина нешто посебно за мене.

ги знам силните страни на алпин затоа што се тркам против нив неколку години, тие значително напредуваат и имаат импресивни амбиции – откри среќниот гасли.

Гасли и Окон ќе возат заедно барем две сезони затоа што Естебан има договор до крајот на 2024 година, двајцата се еднократни победници на трка, Пјер победи за АлфаТаури на Монца пред две години, додека Естебан за Алпин на Хнгароринг лани.

Алпин почнаа потрага по возач откако по Унгарското Гранд При, Фернандо Алонсо објави дека од следната сезона заминува за Астон Мартин, а планираната замена, Оскар Пиастри, го остави тимот на цедило и потпиша за Мекларен. Гасли некое време е најсезиозен кандидат за празното место, а проблемот беше неговиот договор со Ред Бул.

“Биковите“ првично најавуваат дека ќе го ослободат Гасли од обврските само доколку дојдат до услугите на Колтон Херта, но американецот едноставно немаше доолно поени за д вози Формула 1 болид, така што во моментов најсериозна алтернатива за пополнување на местото во тимот е Ник де Врис.

Гасли дебитираше за Скудерија Торо Росо во Малезија во 2017 година и мина половина година во Ред Бул на почетокот од 2019 година пред повторно да биде вратен во сестринската екипа откако разочара против Макс Верстапен. Втора шанса во сениорскиот тим не доби, така што најлогично беше да се проба на друго место, секако со дозвола од Милтон Кинс.

сакам да им се заблагодарам на ред бул со кои соработував девет години. им благодатам за довербата и поддршката вербата во мене да станам формула 1 возач и се што постигнавме заедно минатите години со тимот.

гледајќи во иднината, сакам да дадам максимум да го искористам моето искуство за да се борам за подиуми и да придонесам алпин да почне да се бори за титули во иднина – дополни гасли.

Главниот извршен директор на Рено, Лука де Мео, бил силно вклучен во преговорите да се донесе Гасли во тимот и присутен во Сузука викендов, настојуваше на патриотски тандем возачи.

горди сме што можеме да презентираме франсуски возачки тандем за 2023 година, нашите корени се француски, а алпин е роден во нормандија, така што сериозни сме со тоа. двајцата ќе возат за тимот во иднина и се надевам дека ќе станат симбол и гордост на франција.

Секако дека и потврдата на Пјер најмногу им значи на Отмар Шафнауер, шефот на тимот, како и на Лорен Лоси, Главниот извршен директор на Роси, кои беа критикувани што го пуштиле Алонсо и им побегнал Пиастри.

тој е докажан формула 1 талент и навистина сме нетрпеливи да почнеме да работиме со него. нашата екипа има неколку цели за во иднина и јас цврсто верувам дека имаме тандем возачи кои ги отсликуваат тие амбиции.

мислам дека пјер и естебан заедно ќе ги мотивираат сите во тимот и ќе донесат напредок кон целите кои ги имаме поставено. исто тка сакам да им заблагодарам на ред бул што се согласија гасли да го направи следниот чекор – вели шафнауер.

тој е многу талентиран и мотивиран возач кој ќе придонесе позитивно за нашите цели во формула 1. пјер е целосно запознаен со нашите амбиции и напредок кој го имаме до сег со аплин проектот. млад е, но многу искусен и успешен возач во напредна фаза од кариерата – дополни роси.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ