Раиконен незадоволен од промените во Абу Даби

Кими Раиконен немаше идеален старт на последниот Гранд При викенд во Аби Даби откако излета на тренингот во Петок. 

Тој загуби контрола врз болидот во брзиот свиок број 14 на вториот тренинг и удри во заштитната ограда. Сепак, Раиконен смета дека да се следи болид во 9от свиок од патеката ќе биде доста предизвикувачки. 

Сега веќе нема шанси за престасување во 9от свиок. Добро е што направиле промена, но требало да биде бавен свиок, а не брз бидејќи е тешко да се престаса. Понекогаш се прашувам што мислат кога ги прават промените и дали ги прават само да е различно – посочи финецот.

Раиконен заврши на 16та позиција со заостанување од три десетинки и четири места зад Антонио Џовинаци кој ќе ја напушти Формула 1 на крајот на сезоната. 

Ова беше нормален петок се до последниот круг. Си ја завршивме работата и тогаш излетав. Го загубив задниот дел и удрив во ѕидот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ