Раиконен среќен што се враќа во нормален живот

Кими Раиконен изјави дека е среќен што се враќа во нормала по пензионирањето од Формула 1. 

Финецот во Абу Даби се прости од спортот иако не ја заврши трката до крај. Во неговата кариера, тој стартуваше на 349 трки, имаше 21 победа и шампионска титула во 2007 година. 

Беше фино да се види колку луѓе го покажаа нивното почитување иако трката не заврши како што сакаме. Имав проблем по боксот и морав пред време да ја завршам трката.

Тоа е тркањето, Понекогаш оди како што сакаме, понекогаш не. Среќен сум што се враќам во нормала. Секако ќе ми недостасуваат луѓето кои ги сретнав во последните 20 години – потенцираше кими.

Неговиот колега Џовинаци кој исто така си заминува од Формула 1 откако не доби нов договор со тимот, не ја заврши последната трка. 

Штета е што вака ја завршив сезоната. Имав емотивен ден со пензионирањето на Кими и сите работи кои тој ги направи за нас. Тој е одлична личност и ќе и недостасува на Формула 1. Се надевам дека ќе се вратам брзо веќе наредната година. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ