Раиконен: Ќе ми недостигаат пријателите во Ф1

Кими Раиконен откри дека лушето и пријателите кои ги стекнал за време на неговата Формула 1 кариера ќе му недостасуваат по неделната трка која ќе биде последна за него.

42-годишниот финец ќе ја одработи својата 249та трка во врвната моторспорт тркачка серија во Абу Даби викендот откако годинава веќе најави дека ќе се повлече од Формула 1. Со тоа ќе стави крај на неговата 20-годишна кариера во која дебито се случи за Заубер во 2001 година, врвот во Ферари каде стана првак во 2007 година, а имаше трки и за Мекларен, Лотус и последно Алфа Ромео.

убаво што повторно се тркаме и би посакал да сум брз и да се забавувам.нетрпелив сум на крајот на сезоната за да немам таков густ распоред потоа – посака кими.

Финецот се сомнева дека трката викендов ќе биде емотивна за него, но потенцираше дека ќе му недостасуваат луѓето во падокот кои му станале пријатели низ кариерата

се среќавам со многу луѓе во мојата работа, многу добри луѓе, а некои од нив ми станаа пријатели. ионака сме многу зафатени со се и сешто, така што немаме многу време за дружење и најчесто се среќаваме надвор од трките. најмногу ќе ми недостасува тркањето, но има и други серии каде може да го правам тоа кои можеби се и позабавни.

Тој освои насов во 2007 година кога ги победи Хамилтон и Алонсо за само еден поен во борбата за титулата во драматично финале. По него тоа е најдобар момент во неговата кариера и прифаќа дека неуспешните периоди се дел од тркањето.

секоја кариера од многу, многу години носи и неуспешни периоди, тоа е во ред, немам проблем со тоа. ситници решаваат дали ќе биде добро или не, а ако имате добар болид, тие ситници на крајот ќе одлучат дали ќе станете шампион.

имам многу добри спомени, голем дел од мојот живот минав во формула 1 и не знам дали е тоа добро или лошо. тоа никогаш не било најважна работа во мојот живот и убаво што му доаѓа крајот за дасе посветам на други работи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ