Ралф: Тост го сакаше Мик во тимот

Ралф Шумахер откри дека Франц Тост го сакал Мик Шумахер во АлфаТаури како замена за заминатиот Пјер Гасли, но го добил холанѓанецот Ник де Врис наместо него.

Сепак, гласините велат дека иднината на 28-годишниот де Врис е далеку од сигурна, а строгиот Хелмут Марко веќе јавно изјави дека холанѓанецот има жолт картон поради честите грешки и нема многу време да докаже дека припаѓа во Формула 1.

Но, според шесткратниот победник на Гранд При, Ралф Шумахер, било повеќе од јасно дека на Ник ќе му треба време да се прилагоди.

ник имаше одлична кариера и многу титули и победи во истата, но и за тие успеси му требаше време. кога сте свесни дека на некој возач му треба подолго време за прилагодување, особено кога го носите во серија како формула 1 во која нема тестирање, тогаш станувате изненаден зошто доктор марко го донесе тоа момче како возач во тимот – зачуден е ралф.

Помладиот од легендарните браќа Шумахер е близок до Франц Тост, тимскиот шеф на АлфаТаури кој ја одработува својата последна сезона во малата екипа од Фаенца. Во 1990-тите години, Франц работеше со Вили Вебер, менаџерот на Шумахерови, а потоа беше вклучен и во БМВ тимот каде возеше Ралф. Поради блискоста, Ралф знае дека 67-годишникот го сакал неговиот вник Мик во екипата сезонава откако по крајот на минатата го загуби своето место на гридот.

франц сакаше друг возач да вози за него годинава. знае дека на возач му требаат 2-3 години за да добие искуство и да се прилагоди, а мик му беше достапен со две години зад себе. но, тогаш дојде хелмут марко, кој од лични причини или што и да е, не го сака мик.

марко има проблем со името шумахер или лично со мик, во спротивно не разбирам зошто воопшто не разговараше со него затоа што мора да се има во предвид дека германија е многу силен пазар во ред бул.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ