Рајан Рејнолдс е еден од новите инвеститори во Алпин

Тимот на Алпин ќе да добие финансиска инвестиција од 200 милиони евра, кои наводно ќе бидат инвестирани во самиот тимот за понатамошен развој.

Холивудските актери Рајан Рејнолдс и Роб МекЕлхени се приклучија на инвеститорска група која презема 24 проценти удел во тимот на Алпин.

Матичната компанија на Алпин, Рено, го објави договорот од 200 милиони евра со Otro Capital, Maximum Effort Investments и RedBird Capital Partners, при што тимот со седиште во Енстон се проценува на околу 700 милиони фунти по инвестицијата.

Договорот ќе овозможи ко-основачот и партнер на Otro, Алек Шајнер, да се приклучи на бордот на директори на Алпин, а извршниот директор на Алпин, Лоран Роси, додаде дека парите ќе бидат реинвестирани во тимот додека се обидуваат да се искачат нагоре на табелата.

Оваа асоцијација е важен чекор за подобрување на нашите перформанси на сите нивоа – изјави Роси.

Пораснатите генерирани приходи за возврат ќе бидат реинвестирани во тимот, со цел дополнително да се забрза нашиот план за развој, чија цел е да се стигне до врвните тимови во однос на најсовремените капацитети и опрема.

Во соопштението на Рено се додава дека Алпин Рејсинг САС, која ги произведува Ф1 моторите на тимот во Вири, Франција, не е дел од трансакцијата и ќе остане во целосна сопственост на групацијата Рено.

Ѕвездата на „Дедпул“, Рејнолдс ја предводи групата Maximum Fort Investments, со МекЕлхени, од американската хумористична серија “Секогаш е сончево во Филаделфија“ и колегата актер Мајкл Б. Џордан како ко-инвеститори.

Рејнолдс и МекЕлхени заедно го презедоа Рексам ФК во Ноември 2020 година, со зголеменото финансирање што му помогна на клубот од Велс да се врати назад во англиската фудбалска лига за прв пат по 15 години.

Придружната документарна серија Добредојдовте во Рексам се покажа како голем хит ширум светот, придвижувајќи го клубот кон глобалното внимание и привлекувајќи големи спонзори како што е ТикТок.

RedBird, исто така, има искуство со инвестирање во спортски франшизи, откако купи дел во Fenway Sports Group, која е сопственик на Премиерлигашот Ливерпул ФК и бејзбол тимот Бостон Ред Сокс.

Фирмата, исто така, има контролен удел во францускиот фудбалски клуб Тулуз, а минатиот Август ги здружи силите со сопствениците на Њујорк Јенкис за да го купи италијанскиот Милан во зделка од 1,2 милијарди евра (1 милијарда фунти).

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ