Рели потег го спасил Кубица при извртувањето

Роберт Кубица дека рели потег за да го сврти болидот на вистинската страна го спасил од губење повеќе време по контактот со Јуки Тсунода на спринт квалификациите.

Полјакот е поранешен ВРЦ тркач и го менува Кими Раиконен кој е позитивен на корона вирус и тоа втора трка по ред. На спринтот Роберт имаше лош старт, но убаво враќаше позиции во првиот круг пред да има контакт со Тсунода на втората шикана по што се изврте на асфалтот.

Стјуардите го прегледаа контактот помеѓу двајцата и сметаа дека се работи за обичен тркачки инцидент, не казнувајќи никого. Кубица првично мислел дека заглавил во песокот, но откако се уверил дека не е така, го извртел болидот и лесно го стигнал поредокот под безбедносно возило. До крајот, тој лесно го мина Мик Шумахер, а трката ќе ја стартува и пред Ботас и Гасли кои ќе го окупираат последниот ред.

самиот почеток беше лош, не знам што направив, но нешто не беше како што треба затоа што не стартував целосно и загубив неколку метри. но, имав добар преглед на ситуацијата и добро се поставив во првата шикана каде претекнав еден или два болиди.

на втората шикана изведов еден рели потег и повторно претекнав болиди, но бев во средина, во сендвич помеѓу други болиди. потоа ме удри тсунода и заглавив при што за малку ќе ми се изгаснеше моторот. си реков да го пробам рели искуството за да се одглавам и успеав.

до крајот на кусата трка имав големо надуправување во десние кригивни, а не разбирам зошто. кога заврши трката видов од надвор дека е уштетед задниот десен дел од подот при контактот со тсунода и тоа го објснипроблематичниот баланс – откри полскиот возач.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ