Реми Тафин повеќе не е главен за моторите на Рено

Реми Тафин, главниот човек на одделот за Формула 1 мотори на Рено, ја напуштил компанијата миатиот месец откако французите решиле да не продолжуваат со развој на целосно новиот мотор за следната година.

Тафин е долгогодишен дел од фабриката за развој на мочни и спортски мотори на Рено во Вири0Шатилон крај Парис, а вклучен е во Формула 1 технологијата од 1999 година. Неговиот тим му даде мотор на Фернандо Алонсо да стигне до две шампионски титули, а стоеше и зад шампионските титули на Ред Бил од 2010 до 2013 година.

Гласините велат дека заминувањето наа Реми било со согласност од двете страни и се случило пред најавената голема промена на дизајнот на моторот на Рено закажан за следната година, по што следува замрзнување на развојот до 2025 година.

Неодамна, извршниот директор на Алпин, Марцин Будковски, критикуваше дека токму моторот е најслабиот дел од пакетот на тимот поради што екипата стагнирала во борбата од средината на поредокот и покрај победаа на Окон во Унгарија.

Поради ограничувањата, Рено не можеа целосно новиот мотор да го донесат на гридот оваа година и се решија да го преттават следната.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ