Рено бара да се одземат сите поени на Рејсинг Поинт

Екипата на Рено бара да бидат одземени сите поени на Рејсинг Поинт кои ги освоиле досега на трки каде нивните сопирачките беа предмет на жалба, додека скандалот во Формула 1 е пред вратите на судовите.

Рејсинг Поинт добија казна од 15 поени и 400,000 евра откако беше одлучено дека ја прекршиле спортската регулатива преку дизајнот на отворите за ладење на сопирачките во нивниот РП20.

Но, на Рејсинг Поинт им беше дозволено да продолжи да се трка со посточекиот дизајн до крајот на 2020 година, а ФИА одлучи дека не е можно тимот да го заборави едноставно дизајнот копиран од Мерцедес. Одлуката е предмет на 3 жалби кои ќе бидат поднесени до Меѓунардониот Суд за Жалби на ФИА, а Рено и Ферари се надеваат на поголема казна.

Тимскиот шеф на Рено, Сирил Абитебул, смета дека Рејсинг Поинт треба да бидат дисквалификувани од секоја трка на која ќе ги користат тие дизајни. 

Очекувавме казна еднаква со тие од минатото. Последната која ја прифативме беше во Сузука минатата година, каде ние ги прекршивме тие спортски правила, а не технички, а бевме дисквалификувани од настанот и ги загубивме сите поени.

Немаше попуст за Рено, Не разбирам зошто би имало попуст за Рејсинг Поинт. Треба сите поени да се одземат, каде имаме протестирано – вели Абитебул.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ