Рено може да се ребрендира во Алпин

Пред трката за Големата награда на Италија, Рено Груп најавија дека ќе се фокусираат на Рено, Дачија, Алпин и Њу Мобилити. 

Шефот на Формула 1 тимот, Сирил Абитебул, кој помогна Рено да се врати во тркачката како фабрички тим, во иднина ќе биде на чело на реорганизацијата на Алпин. Една од работите кои се планира е да се ребрендира Рено Ф1 во Алпин Рено или некое друго име. 

Официјални лица од францускиот производител сеуште одбиваат да го коментираат ова дека е можна промена на името на тимот.

Иднината на Алпин е под знак прашалник веќе неколку месеци по огромните загуби на Рено поради пандемијата, но новиот извршен директор на Рено гледа иднина во тоа. 

Абитебул ќе го води Алпин, де Мео ќе го води Рено, Денис ле Вот ќе биде задолжен за Дачија, а Клотилд Делбо ќе ги води Њу Мобилити. 

Компанијата мора да го промени моделот и да најде нова вредност и профитабилност. Има четири силни бренда и повеќе функционалности кои ќе ни помгнат во работата да бидеме поориентирани на пазарите и клиентите за да постигнеме најдобар резултат. ТОа е целта при средувањето на групата – најави сирил.

Алпин е вмешан во ЛМП2 преку Сигнатек Алпин, тим за кој се зборува дека ќе биде нов проект во топ класата на ВЕЦ. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ