Рено незадоволни од делењето воздушни тунели

Сирил Абитебул, првиот човек на Рено, смета дека разговорите за целосно независни екипи имаат голем проблем пред себе во вид на соработките во воздушните тунели кои екипите ги практикуваат.

ФИА засилено работи на создавање на мерки со кои ќе се спречи клонирањето и копирањето на болиди, налик на она што Рејсинг Поинт го направија сезонава со ланскиот шампионски Мерцедес.

Неколку екипи се плашеа дека дел од конкурентите ќе го повторат она што Рејсинг Поинт го направи годинава, по што ќе се створи двослојна Формула 1 со силни алијанси помеѓу некои екипи. ФИА одговори на начин што се обврза да создаде регулатива согласно која секој тим ќе биде сопствен конструктор.

Рено целосно застанаа на страна на ФИА, но се свесни дека доколку екипите делат воздушен тунел, тогаш природно е да се создаваат партнерства и сличности во дизајните.

сметам дека има елементи во делењето на делови во однос на моторите, менувачите и други скапи механички делови, но најголем проблем се многу скапите воздушни тунели. се додека тимовите делат воздушен тунел за аердинамички развој помеѓу себе, ќе има блиски соработки и алијанси.

можеби визија за во иднина е целосно независни 10 екипи кои ќе дизајнираат без користење на воздушен тунел, туку исклучиво врз база на компјутери, нешто што е далеку поефтино. тоа е визијата која мислам дека сите ќе ја прифатат. секако дека има проблем д асе стигне до тоа, треба да го најдеме најдобриот начин, но барем знаеме дека нема шанси да се повтори годинешниот проблем предизвикан од рејсинг поинт – вели абитебул.

Мерцедес и Рејсинг Поинт работат во исти воздушен тунел, а секако дека тоа го прават и Ред Бул и АлфаТаури.

Абитебул бил воодушевен од начинот на кој ФИА и Николас Томбазис го решиле проблемот со копирањето на Рејсинг Поинт преку создавање на регулатива за спречување на тоа во иднина.

интересно е затоа што се се случи во исто време, новиот конкорд договор како и преседанот со копирањето. добро е што се случи годинава додека сеуште можевме д решиме да се откажеме од гормула 1, а ситуацијата ни даде моментум, фиа не охрабри, а формула 1 ни ги даде потребните одговори.

спортот ни даде потврда дека ја дели визијата со нас и сега прогресивно се обидуваат да создадат правила а тоа. ќе има техничка директива многу скоро која ќе резултира со затворање на сивите зони во правилата.

им ддовме на фиа и томбазис време, но мораме да ги пофалиме за одлучниот и решителен одговор кој го дадоа за многу кратко време – заврши сирил.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ