Рено официјално се ребрендира во Алпин следната година

Рено официјално потврдија дека Формула 1 тимот ќе се ребрендирира и ќе вози под нивинот бренд Алпин од следната тркачка сезона.

Откако Лука де Мео стана Главен извршен директор на компанијата од почетокот на годинава, тие се во постапка на ревидирање и поставувањ на стратегија за различните брендови.

Во пресрет на Италијанското Гранд При тие потврдија дека Формула 1 тимот од следната година ќе биде познат како Алпин Ф1 тим, а заштитната боја ќе биде сина во комбинација со националните триколори.

Алпин има традиција во тркањето со спортски автомобили, а последно нивно искуство е ЛМП2 класата во Ендјуранс шампионатот со користење на Орека шасија. На прес конференцијата, де Мео откри дека сака да го стави Алпин на средиа од моторспорт активностите на производителот.

ова е голема шанса затоа што рено е во спортот околу 43 години, а ќе остане како снабувач со мотори така што присуството секако ќе биде видливо. ќе ја користиме формула 1 како платформа за да го маркетираме брендот и да го развиеме и засилиме. дури и тоа што рено е фантастичен бренд, вклопувањето на алпин во спортот ќе биде уште подобро – потврди де мео.

Ребрендирањето следи откако во пресрет на тркачкиот викенд проструи информацијата дека Сирил Абитебул е ставен на чело на работна група во Рено која треба да го развие Алпин брендот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ